Ги имаме првите бројки: 300 илјади Македонци од дијаспората го бojкотирале пописот

t

Три месеци не се доволни за обработка и објавување на резултатите од пописот спроведен во септември.

Од Државниот завод за статисика објаснуваат дека за тоа ќе им биде потребна барем половина година.

Симовски тврди дека во овој момент ниту тој не ги знае резултатите. Затоа не ги коментира шпекулациите за процентуалната застапеност на албанците и на другите заедници.

Најголемиот дел од населението е попишан. Статистика поднела претставки до МВР за неколку десетици граѓани кои одбиле соработка со попишувачите.

Тие, како и оние што и по неколку обиди не се пронајдени дома, сепак ќе бидат опфатени преку регистрите.

Но, 300 илјади иселеници имаат државјанство а не се самопопишале.

На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205 илјади што се самопопишаа од странство.

Анкетата се правеше непосредно, со внесување на податоците директно во компјутери и со можност за споредба со повеќе регистри.

Тоа е мост до наредниот попис, прогнозира Симовски, кога нема да има одење на попишувачите по домовите, туку сите податоци ќе се користат од електронските регистри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците од Мала Преспа во Канада ја…

Македонското друштво „Мала Преспа” од Канада ја…

Каде исчезнаа 170.000 Македонци од Пиринска Македонија?

Бугарската ирационална и антимакедонска политика повторно исплива…

Европски попис во Бугарија: Исчезнаа Македонците од…

Заклучно со 7 септември 2021 година, бугарската…

Зошто се одложува објавување на резултатите од…

Македонецот од Пиринска Македонија, Атанас Кирјаков на…

Македонците во Србија на малцински избори избраа…

Во Србија се одржаа редовни избори за…