Голем сајбер нaпад во Украина, на мета министерства, јавниот сектор и банки

Голем сајбер напад е во тек во Украина. Не работат повеќе веб-страници на министерства, јавниот сектор и банки.
Засегнати се и телефоните на некои пратеници, вели министерот за информации на земјата.
„Околу 16 часот започна уште еден масовен DDoS напад врз нашата држава. Имаме релевантни податоци од голем број банки“, рече министерот за дигитална трансформација, додавајќи дека е погодена и веб-страницата на парламентот.
Серверите на украинското Министерство за одбрана и две банки беа преоптоварени минатата недела во посебен сајбер напад. Киев ги нарече прекините „најголем DDoS напад во историјата на Украина“. Американската компанија Нетскаут подоцна рече дека влијанието било скромно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…