Градоначалникот на Конче си доделил тендери на двајца први братучеди – Еве колку потрошил за патни и „други тековни“ расходи!
Домаќин човек, си се грижи за фамилијата, нема врска што е незаконски…
Градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, си доделил милионски тендери на компании чии сопственици се негови први братучеди. Се сеќавате на фамозната постојка во Конче која чинеше неверојатни 470.000 денари? Истиот градоначалник се погрижил компаниите на неговите први братучеди да добијат низа тендери за разни градежни работи и набавка на материјали.
Да поченеме со ред.
Компанијата УНИВЕРЗАЛ ГРАДБА ДООЕЛ Струмица од градоначалникот Ристов добила три тендери во вкупна вредност од 12 милиони 605 илјади и 500 денари.
Првиот договор е склучен на 24.07.2023 година, се работи да договор за Изградба на пристапна улица на КП 2571 с.Ракитец,општина Конче во вредност од 1.703.222,61ден.
Договорот го потпишува вработена во општината, овластена од градоначалникот Ристов.
Следниот договор е склучен на ден 03.10.2023, се работи за договор за Изградба на оградни ѕидови-со партнерно уредување на истите површини, комплет со сите потребни содржини и водови: урбана опрема, пристапни патеки и платоа, хортикултурно уредување, потпорни односно разделни ѕидови и др на КП 2782/1 КО Ракитец, општина Конче во вредност од 9.902.334,97ден.
Договорот исто така го потпишува лице овластено од градоначалникот.
Последниот договор со оваа компанија е склучен на 17.09.2024. Се работи за договор за Реконструкција на улица 11, дел 2 во с.Конче во вредност од 1.000.044,10ден.
Договорот секако е потпишан, како и сите останати, од лице овластено од градоначалникот.
Слободан Милчов, кој е управител на УНИВЕРЗАЛ ГРАДБА е прв братучед на градоначалникот Зоран Ристов.
И компанијата ВАЛЕНТИНА-ПРОМЕТ ДООЕЛ Радовиш добила три тендери од Општината.
Еден договор е склучен на ден 30.09.2024 во вредност од 283.200,00ден.
Компанијата е единствен понудувач.
Еден договор е склучен на 04.09.2023 во вредност од 472.000,00ден.
Договор е склучен и во 20.10.2022 година во вредност од 354.000,00ден.
Компанијата Валентина промет е во сопственост на Столе Василев, исто така прв братучед на градоначалникот на Општина Конче.
И ние не наметнуваме мислење дека било кој од тендерите е наместен, меѓутоа Државната комисија за спречување на корупција би требал да ги провери набавките имајќи ги предвид одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси кој го определува терминот „блиски лица“.
„Под поимот „блиски лица“ се подразбираат лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврт степен, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има финансиски интерес.“ стои во Законот.
Исто така Законот забранува привилегирање или дискриминирање во јавните набавки и други договори.
„Државната комисија може да врши увид во документацијата за јавна набавка и за договори поврзани со остварување на профит склучени меѓу државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал со домашни или странски правни лица, како и сите дозволи, концесии и други одлуки со кои на правни лица им се признаваат права или повластици определени со закон или им се одземаат или ограничуваат таквите права или поволности.
(2) Доколку Државната комисија утврди привилегии или дискриминација по однос на договорите зајавни набавки и другите договори од ставот (1) на овој член, без одлагање ќе побара од надлежните органи да преземат мерки и активности во рамките на нивните надлежности.“ – објаснува членот 38 од Законот.
Ова значи дека ДКСК би можела да ги провери документите од набавките и би требало да утврди дали во овие случаи постои судир на интереси и прекржување на веќе споменатиот закон.
Како и да е компаниите на братучедите на градоначалникот добиле вкупно 13.714.700 денари.
Сето ова на страна, градоначалникот потрошил 189.920 денари за патни трошоци за три месеци.
Како што можете да видите во февруари се потрошени 26.000 денари, во март 48.000 денари, а во јули неверојатни 115.920 денари. Каде патувал, ќе треба да се оправда пред граѓаните на Конче од чии пари се платени тие патувања.
Дополнително во продолжение погледнете потрошени уште 341.832 за „дополнителни разходи“, што се тие други расходи, дали можеби се за бадеми, лешници итн. засега не знаеме, а и не мора да знаеме ние, туку граѓаните на Конче кои ги платиле овие „други тековни раскоди“.
Да не биде не сме прашале, го прашавме градоначалникот дали сопствениците на двете претходно споменати компании му се први братучеди, за што се потрошени парите за патувања и за што се потрошени парите за „други тековни расходи“, но градоначалникот иако ја виде пораката, до овој момент не нè удостои со одговор. Доколку добиеме одговори по објавувањето на овој текст, истиот ќе биде соодветно надополнет со одговорите од градоначалникот.
Инфомакс претходно објави и скандал со јавна набавка во Конче каде една постојка чини неверојатни 470.000 денари. Детали прочитајте во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…
Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…
152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…
Ослободителна пресуда за Елизабета Канческа – Милевска…
Обвинителството ќе вложи жалба на ослободителната пресуда…
ДКСК поднесе предмет до Обвиннителството: Во време…
Државната комисија за спречување на корупција до…
РСЕ: РЕК Битола доделил десетици тендери на…
Најголемиот македонски производител на струја, термоелектраната РЕК…