Советник од ВМРО-ДПМНЕ во О. Конче со навреди и закани кон жена – ја нарекува „лезбејка“ и ја повикува на сексуален чин

t

Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Конче е инволвиран во скандал поради навредлив и заканувачки говор кон жена, која е обична граѓанка. Инцидентот се одвивал преку приватна комуникација, во која советникот употребува крајно недоличен и деградирачки речник.

Според материјалот кој стигна до нашата редакција, советникот ја нарекува жената „лезбејка“ со навредлива конотација, искажува непристојни сексуални инсинуации, меѓу кои и повик на орален секс, а воедно ѝ се заканува и ја повикува на лична средба за како што пишува да снимале „порно филм“.

Ова однесување претставува грубо прекршување на основните принципи на јавна комуникација, како и на етичките и морални стандарди кои треба да ги следат избраните претставници на народот. Советникот, кој е во функција што подразбира служба на граѓаните, со своите постапки демонстрира сексизам, омраза и злоупотреба на јавната позиција.

Реакции се очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од која јавноста бара јасен став и санкции за ваквото однесување.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и Министерството за внатрешни работи, треба да се вклучат со истрага и да преземат соодветни мерки против локалниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој случај отвора прашања за злоупотреба на функцијата и поттикнување на говор на омраза врз основа на пол и сексуална ориентација, што претставува сериозно прекршување на човековите права и достоинството на поединецот.

Извор: Антропол

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…

Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…

Почетокот на новата учебна година повторно отвори…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…