ДАДОВ СЀ ОД СЕБЕ ЗА ДА ЈА ЗАШТИТАМ СРБИЈА: Вучиќ е подготвен да го прифати концептот на предложениот договор за косовското прашање
Вучиќ рече дека разговорите биле многу тешки, дека „немало ниту слатки, ниту убави разговори”, но дека „дал сѐ од себе за да ја заштити Србија”, што, додаде, „ќе продолжи да го прави барем уште некое време”.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија во Белград, изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор за косовското прашање.
Вучиќ изјави дека на средбата „за едно важно прашање” од договорот ја покажал сета загриженост и резервираност, но посочи дека не може да зборува за тоа бидејќи договорот сѐ уште не е јавен.
Тој изјави дека денеска како претседател на Србија „недвосмислено бил соочен со проблемите и предизвиците кои би биле поставени пред Србија доколку не се согласи со предложениот план за косовското прашање”.
– Под овие и такви услови побаравме од претставниците на САД, Франција, Германија, Италија и ЕУ да ни помогнат на сите да ги надминеме турбуленциите со кои се соочуваме на Косово и Метохија, бидејќи сметаме дека е крајно време да се формира Заедница на српски општини, која не само што беше ветена, туку и потпишана пред 10 години – рече Вучиќ.
Тој додаде дека се работи за итност и дека дури потоа е можно да се разговара и да се вратат Србите во институциите, како и „некаква нормализација на ситуацијата”, но и дека во наредните денови ќе имаат консултации со членовите на Владата, Парламентот и други важни општествени групи.
Вучиќ рече дека разговорите биле многу тешки, дека „немало ниту слатки, ниту убави разговори”, но дека „дал сѐ од себе за да ја заштити Србија”, што, додаде, „ќе продолжи да го прави барем уште некое време”.
Српскиот претседател истакна дека сите на средбата се согласиле дека „замрзнат конфликт” не е решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…