Дамите први: Бојана ја открива вистината „Зад завесите“

t

Скопје, 27.01.2022 – Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија.

Емотивниот видео запис на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите„ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, кои Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.

„Чувството да се биде повторно во етер е секогаш слатко задоволство, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции и порака за важни теми, коишто сметам дека е потребно да се дискутирани во општеството. Да пренесам размислување и став преку мелодија, повторно да се искажам емотивно, можам единствено на најдобриот начин на којшто умеам – преку песна. Сакам да се заблагодарам на целиот тим, којшто ја поздрави и прифати идејата на новата Бојана, проект којшто со голем предизвик и ентузијазам го најавувам со „Зад завесите’’. За оваа година си поставив цел да го споделам со јавноста сето она кое веќе неколку години созрева во мене, а тоа е еден поинтензивен и помоќен стил на носење порака до гледачите,“ изјави Бојана.

Зад завесите се потпишува искусен тим. Видео записот на новата балада е во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна.


Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов , а текстот е на Ксенија Николова.

„Пред околу една година, текстот го напишав во еден здив. Емоциите се испишаа скоро сами во строфите на песната, а произлегоа од мислата за сите луѓе, кои се во животот на еден човек, но се всушност и публика, набљудувачи, коментатори и судии. Сфатив колку малку луѓето ја разбираат туѓата болка и колку им е полесно да го дефинираат човекот според своите очекувања, наместо вистински да слушаат, да бидат внимателни. Сржта на песната е отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди и секој стих е дамски начин на пренесување на главната порака, којашто Бојана ја доловува совршено со својот доминантен и препознатлив глас,“ вели текстописецот Ксенија Николова.

„Кога се обраќаш кон самиот себе во потрага по одговорите, е суштинскиот двигател во самиот видео запис. Бидејќи се оддалечивме едни од други, но најмногу се оддалечивме од себе. Сѐ што ни се случува е рефлексија од нашата внатрешна состојба,“ се надоврза Александар Ристовски-Принц.

Видео спотот на „Зад завесите“ својата премиера ќе ја има вечерва (27.01.2022) во 19:30 часот на официјалниот YouTube канал на Скендеровски продукција:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицајка и постар маж повредени во судирот…

Вчера во 08:35 часот било пријавено дека…

Пороен дожд, грмежи, град и силен ветер:…

Подрачјето на земјава од утре до средината…

Што допре Свето Пивара се исуши: Како…

Феноменот Свето Јаневски, познат како Свето Пивара,…

ЕУ ја предупреди Албанија: Стоп на шемата…

Делегацијата на Европската унија во Тирана ја…

Важно соопштение од Народна банка: Раст на…

Во јули годинава според намената на кредитите…