Двајца македонски државјани во Казахстан побарале помош од амбасадата

t

Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. И покрај честиот прекин на интернетот и телекомуникациските мрежи, велат од МНР, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации.

Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено; но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба.

Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.

Дополнително, МНР информира дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински амбасадор се извини за изјавата дека…

Украинскиот амбасадор во Казахстан и се извини…

Казахстанскиот претседател контра Путин: Не ги признаваме…

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, рече дека…

(Видео) Страшно: Силниот ветер помести цел авион…

Силен ветер го придвижи авионот на аеродромот…

САД ги повика своите државјани итно да…

Стејт департментот ги предупреди Американците да ја…

Индија ги повлекува државјаните од Украина –…

Специјален лет се упати утрово кон Киев,…