Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме перфектни во одбрана

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6 јуни во Скопје ќе го игра натпреварот против Белгија во рамките од квалификациите за Светското првенство.
За првпат со националниот тим е фудбалерот на ОФК Белград, Стефан Деспотовски.
„Убаво е чувството, првпат сум тука, дечките супер ме прифатија, супер се тренира, одлична е атмосферата, се е во најдобар ред“, вели Деспотовски.
„Белгија е една силна репрезентација, но ние ако не им дозволиме на нив да ја играат својата игра, нормално е дека ќе имаме шанси. Треба да ги испочитуваме сите барања од селекторот и мислам дека сме подготвени за Белгија“.
„Секогаш има притисок, против кој и да играте, но ние се подготвуваме за тоа и мислам дека се ќе биде во ред. Мислам дека треба да бидеме најпретпазливи во дефанзивата, во тој некој блок, мора да бидеме перфектни“.
Во групата репрезентацијата на Македонија по две кола има четири бода од ремито со Велс на домашен терен и гостинската победа со Луксембург.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Погледнете го уште еднаш спектакуларниот гол на…
Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…