Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник

Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Светиот Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповедаше својата вера во Христа и на заканите му одговори:
„Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења, Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник го издадоа пред царот дека е христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадии далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во…
Денес се празнува Свети Сава, архиепископ српски
Син на српскиот жупан Стефан Немања, се…
Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и…
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните.…
Денес се празнува Свети Григориј, епископ Ниски
Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше…
Денес се празнува Светиот маченик Полиевкт
Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со…