Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија на МПЦ!

t

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево вчера се одржа вечерна воскресна богослужба, како најава за денешното устоличување на епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Епископот Марко на синоќешната богослужба пред присутните верници изрази благодарност за нивното присуство и воедно ги покани на утрешната литургија по повод свечениот црковен чин.

Устоличувањето на епископ Марко се случи денеска, во сослужение со свештенството од делчевско-каменичките парохии кои ги покануваат сите православни христијани, сите граѓани да присуствуваат на овој светол историски чин од значање за верата и традициите на секој еден христијанин во заедништво со Бога.

Делчевско-Каменичката Епархија е формирана со одлука на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија на 20 јуни 2023 година и е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Новата епархија е резултат на обединувањето на МПЦ-ОА со ПОА на довчерашниот расколник Јован Вранишковски. Обединувањето ќе значи интеграција на владиците на ПОА (Православна охридска архиепископија која работеше во рамките на СПЦ) во МПЦ-ОА. Делови од постоечките епархии на МПЦ-ОА ќе бидат поделени, а со новите епархии ќе управуваат четворица владици на ПОА. Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.

Изјава за локалниот медиум Делчево365 дадоа градоначалниците на Делчево и на Македонска Каменица кои упатија честитки до верниците за формирањето на новата епархија и посакаа здравје, среќа и успешна работа на епископот Марко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…

Хуманизмот е помагање на другиот и на…

МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…

МВР информира дека вчера попладне во 17:25…

Православната црква на Америка ја призна автокефалноста…

Во катедралниот храм на Православната Црква во…

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…

МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…

Поворката со посмртните останки на загинатите од…