Ден на жалост во Бугарија по тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ – загинаа 12 лица
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го прогласи за ден на жалост поради тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“, во која загинаа 12 лица, а десетици се повредени.
„Црн ден за цела Бугарија“, изјави премиерот Румен Радев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите.
Повредените се пренесени во болниците во Бургас, Сливен и Јамбол. Радев најави дека лично ќе ги посети повредените, заедно со министерката за здравство.
Тој им се заблагодари на спасувачките екипи и на граѓаните кои помогнале во извлекувањето и згрижувањето на настраданите, во исклучително тешки временски услови и при значително намалена видливост.
Според министерката за здравство, Катја Ивкова, вкупно 51 пациент биле пренесени во болниците во трите града. Најмногу, 33 лица, се згрижени во Сливен, 11 во Јамбол, а седум во Бургас.
Тринаесетмина се тешко повредени. Еден од нив бил подложен на сложена операција во болницата во Бургас поради повеќекратни повреди. Лекарите оценуваат дека има сериозни шанси да ја преживее несреќата.
Премиерот соопшти дека се преземени сите потребни мерки за транспорт и медицинска помош на повредените. Во готовност се владиниот авион на аеродромот во Бургас и двата воени транспортни авиона „Спартан“, стационирани на аеродромот Безмер, кои може да бидат употребени доколку има потреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…