Детали за трансферот на деценијата: ПСЖ не добива ниту евро, Мбапе ќе има – кралска плата!
Спортската јавност и утринава е оптоварена со најавата за трансфер-бомбата на деценијата, откако француските медиуми објавија дека Килијан Мбапе дефинитивно следното лето ќе потпише договор со Реал Мадрид и тоа како – слободен фудбалер.
Тој веќе се договорил со „кралскиот клуб“, а ПСЖ ќе ја има улогата на најголем „лузер“ бидјеќи нема да добие ниту евро од овој трансфер, а за него плати дури 180 милиони евра кога францускиот репрезентативец во 2018 година пристигна од Монако во Париз. Според истиот извор, напаѓачот договорил годишна плата од 50 милиони евра, секако со разни дополнителни бонуси од учинокот, но и огромен процент од заработката од рекламите поврзани со неговото име.
Мбапе во дресот на „светците“ одигра 288 натпревари, а постигна 241 погодок и забележа 105 асистенции. Шест пати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите, што е главна причина за неговата преселба во Мадрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…