(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со автомобилот и ја оставил во несвест на улица – мајката на напаѓачот пријавила „загрозена безбедност”
Мајката на момчето кое што е осомничено дека ноќеска ја претепало својата девојка и ја оставило пред маркет во Охрид по што таа е хоспитализирана – моментално во полициска станица Охрид го пријавува таткото на претепаната девојка, дознава „Слободен печат“ од полициски извори.
Имено, пријавата против таткото на претепаната девојка е за упатени закани и за загрозување на сигурноста. Поконкретно, таткото на девојката е пријавен дека на семејството на момчето им упатил заканувачки зборови меѓу кои и „ќе ве уништам“. Физички напад не бил пријавен. Пријавителката на заканите е поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција.
Инфомакс претходно објави детали од настанот во кој девојката била буквално нокаутирана и оставена без свест.
Според неофицијални информации, нападот се случил во автомобил, каде што осомничениот наводно ја удирал девојката сè додека не изгубила свест. Тој потоа продолжил да вози низ Охрид, а кога девојката се освестила, наводно запрел во близина на маркет и ја исфрлил од возилото.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека полицијата го привела Х.К. (31) од Охрид на 15 ноември во 5:05 часот, постапувајќи по претходна пријава за физички напад.
Кривичната пријава не е доставена до Основното јавно обвинителство Охрид до овој момент. Досегашните известувања за настанот не содржат наводи како во вашето прашање. За осомничениот засега е поведена постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. ОЈО Охрид постапува за целосно испитување на настанот.
Редакцијата Инфомакс испрати прашања до Основното јавно обвинителство Охрид, од каде што го добивме следниот одговор:
„Кривичната пријава не е доставена до Основното јавно обвинителство Охрид до овој момент. Досегашните известувања за настанот не содржат наводи како во вашето прашање. За осомничениот засега е поведена постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. ОЈО Охрид постапува за целосно испитување на настанот.“
Според информациите до кои дојде Инфомакс, таткото на приведениот 31-годишен маж е раководител во Управата за јавни приходи (УЈП), додека неговата мајка е поранешна членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…