(Фото) Ја тепал во автомобил додека не се онесвестила: Еве како изгледа девојката која беше претепана од својот дечко во Охрид
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.
Според неофицијални информации, нападот се случил во автомобил, каде што осомничениот наводно ја удирал девојката сè додека не изгубила свест. Тој потоа продолжил да вози низ Охрид, а кога девојката се освестила, наводно запрел во близина на маркет и ја исфрлил од возилото.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека полицијата го привела Х.К. (31) од Охрид на 15 ноември во 5:05 часот, постапувајќи по претходна пријава за физички напад.
Кривичната пријава не е доставена до Основното јавно обвинителство Охрид до овој момент. Досегашните известувања за настанот не содржат наводи како во вашето прашање. За осомничениот засега е поведена постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. ОЈО Охрид постапува за целосно испитување на настанот.
Редакцијата Инфомакс испрати прашања до Основното јавно обвинителство Охрид, од каде што го добивме следниот одговор:
„Кривичната пријава не е доставена до Основното јавно обвинителство Охрид до овој момент. Досегашните известувања за настанот не содржат наводи како во вашето прашање. За осомничениот засега е поведена постапка за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. ОЈО Охрид постапува за целосно испитување на настанот.“
Според информациите до кои дојде Инфомакс, таткото на приведениот 31-годишен маж е раководител во Управата за јавни приходи (УЈП), додека неговата мајка е поранешна членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…
Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…
Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…
Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…
Ирански претставник: Преговорите со САД завршија
Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…