Објавено на:

Димитриевски: Ја победивме Германија, зошто да не ја победиме и Италија?

t

Македонската „единица“ Столе Димитриевски посочи дека Македонија оди на победа во Италија против европскиот првак во трката за мундијалска виза за Катар, во пресметката која нѐ чека во четврток од 20.45 часот во Палермо.

Димитриевски во пресрет на дуелот, а пред денешното попладневно заминување за Сицилија порача дека Македонија има шанси за победа, зашто кога можела Германија да биде победена, зошто тоа не би можело и со Италија?

„За нас ова е најважниот меч до сега, за цела репрезентација, добро се подготвуваме, мислиме само на мечот со Италија и одиме на победа. Очигледно е дека имаме квалитет, зашто за да стигнете до тука каде што стивнавме не е лесно. Ние преку групата се изборивме за овој бараж, успеавме да ја победиме Германија, победивме други добри селекции… Кога можевме да ја победиме Германија, зошто сега да нѐ ја победиме Италија. Без оглед што Италија е европски првак и победи на Европското првенство на кое ние дебитиравме“, вели Димитриевски.

Според македонскиот голман небитно е кој во четврток навечер ќе истрча и небитно е со кој играме, зашто во фокус треба да биде само играта на Македонија и максималната концентрација за да се даде максимумот и да се дојде до победата.

„Најважно од сѐ е ние да се подготвиме најдобро што можеме, за да излеземе и да одиграме во најдобро светло. Со тоа да покажеме зашто сме тука. Било кој да игра против Италија, а сите наши играчи се доста квалитетни, ќе мора само да бидеме максимално концентрирани и да го дадеме максимумот. Така ќе може да дојдеме до победата“, додаде Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пар веднаш зажали што отвори порака во…

Пар веднаш зажали што отвори порака во…

Дневен хороскоп за 27 март

Овен Овој ден, конечно ќе можете да…

Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…

До крајот на четврток 27 март во…

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа

Русија има тајна база за нуклеарно оружје…

Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…

Aston Martin го претстави својот нов модел,…