Објавено на:

Димитров: Францускиот предлог не нè носи кон членство на ЕУ

t

Никола Димитров во изјава за медиумите кажа дека францускиот предлог не нè носи кон членство на Европската унија (ЕУ).

„Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ. Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што нè носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас“, оценува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и ексшеф на дипломатијата Никола Димитров.

Тој во изјава за медиумите пред панел дискусијата организирана од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод презентација на документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“, оцени дека со францускиот предлог се оди под нашите позиции и цревени линии, и се весуваат билатералните прашања во преговарачката рамка. Димитров додава дека таа концесија е направена многу лесно, без притоа да се побара во најмала рака Бугарија да ја тргне унилатералната декларација од македонскиот јазик, а одговорноста за тоа ја префрла на Владата.

„Не може во С. Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонсккиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои. Додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последната држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија“, вели Димитров.

Како што вели, проширувањето мора да биде врзано со реформи, бидејќи ако се вметне внатре билатерална желботека, се руши целата суштина.

После сè што поминавме како народ и нација, заслужуваме европска преговарачка рамка, процес каде што ќе се натпреваруваме со другите од Западен Балкан, па и со Бугарија во однос на демократијата, слобода на медиумите, економијата“, заклучува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…