Дипломатите му порачаа збогум Никола: Пycтош остави, сакаше да го привaтизираш МНР

t

Никола Димитров, Македонскиот дипломатски синдикат веќе го има поздравено твоето заминување од МНР претходно, а сега повторно, имаме чест и задоволство да го поздравиме фактот дека никогаш повеќе нема да се вратиш во куќата на македонската дипломатија.
Пустошот што го остави во твојата матична куќа тешко дека ќе можат да се поправи следните неколку години. Ќе бидеме многу благи кога ќе речеме дека твоето владеење во МНР (без наводници) беше во чист феудален манир, наспроти толку многу ветуваните европски стандарди. Веќе во првите денови од твоето владеење спречи упатување на дваесет наши млади колеги кои ги поминале сите законски процедури за упатување на работа во странство и беа пред заминување, само затоа што не биле според твоите афинитети. За кратко време, заедно со неколкумина твои трабанти, успеа да ги поделиш колегите на „наши“ и „ваши“ и да ја вгнездиш рак раната на поделбите во нашето општество во твоето некогашно министерство. Твојата тактика на раскарај па владеј имаше единствена цел со посејување на семето на клиентелизам да го зајакнеш твоето владеење и да си купиш поддршка од внатре на патот кон повисоките дострели. Тоа што остана позади тебе најладнокрвно не те интересираше.
По спречувањето на младите колеги да заминат во странство, го зајакна своето владеење со бркање тројца колеги од работа (кое што патем не успеа, бидејќи судот ги врати на работа, па МНР мораше да плати големи судски трошоци). Тоа не беше доволно, папристапи кон масовен мобинг кон сите тие што не беа според тоите афинитети, а покрена и повеќе дисциплински постапки против свои поранешни колеги без никаква основа, сèсо цел тие да бидат дискредитирани, казнети или избркани од работа. Се разбира, ваквите монтирани постапки не ти поминаа, меѓу другото затоа што во МНР сепак не е изгубена свеста за професионализам и праведност, а и ние како синдикална солидарна организација дадовме солиден придонес воправната битка со твојот систем.
Сакаше да го исприватизираш МНР со тогаш нов предлог на Закон за надворешни работи, кој исто така ти го срушивме, бидејќи беше изготвен во интерес на мала група на дипломати. Се прослави со недостапност и соработка само со десетина проценти од вработените, ги замрзна кариерите на голем број млади дипломати без унапредување согласно мерит системот, а фаворизираше само свои блиски според критериуми на лојалност.
Долга е листата на твоите „достигнувања“и „високи“ морални вредности со кои се прослави во МНР па и пошироко. Нашата куќа нема да има лесна задача да го врати министерството од заробено во слободно. Но тоа нема да не поколеба, бидејќи е неприфатливо согласувањето за работење во корумпирана, непрофесионална и неспособна служба.Како професионалци кои секој за себе има вградено по некоја цигла во нашиот заеднички дом, заслужуваме многу повеќе од арогантен, нарцисоиден и најслаб министер за надворешни работи до сега. Поради тоа продолжуваме да бидеме очи, уши и совест на своите колеги.
Збогум Никола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…