Додека САД „труби“ дека Русија е зaкана, 60 000 американски војници, 200 тенкови и околу 150 борбени авиони се распоредени низ Европа
Соединетите Американски Држави формираа значителен контингент сили во Европа, кој брои повеќе од 60.000 војници, 200 тенкови, околу 150 борбени авиони, се со цел да и се закануваат на Русија, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност, Михаил Попов.
„Нивната главна цел во Европа е да создаваат постојана закана за нашата земја. Затоа во регионот е формиран значаен контингент американски сили“, рече Попов во интервју за „Руски весник“.
Тој посочи дека во последните седум години бројот и борбените капацитети на американските сили значително се зголемени.
Копнените сили се зголемени за 30 отсто, а бројот на оклопни возила е четири пати поголем.
Интензитетот на летовите на американските стратешки бомбардери во близина на руските граници минатата година е зголемен за 40 отсто, истакна Попов.
Тој додаде дека антируската хистерија не е само насочена кон ограничување на економскиот развој на Русија, туку до израз дојде и стремежот на Вашингтон да им наметне производи од воено-индустрискиот и нафто-гасниот сектор на западните партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
САД се подготвени да го зголемат економскиот…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…