Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брег

t

Контејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под либериско знаме, бил погоден додека пловел кон Констанца, а претходно испловил од Хаифа, Израел.

Уште еден брод беше погоден од беспилотни летала во Црното Море – овојпат во близина на ’ртот Калиакра, на бугарскиот брег објави Maritime.bg.

Контејнерскиот брод *CONTSHIP JET*, кој пловел под либериско знаме, бил погоден додека пловел кон Констанца, а претходно испловил од Хаифа, Израел.

Екипажот на бродот е евакуиран.

Во меѓувреме, во Софија се одржува средба на министрите за одбрана на Бугарија, Турција и Романија.

Во последните недели имаше неколку случаи на напади врз трговски бродови во Црното Море, како кај бугарскиот, така и кај романскиот брег.Некои од овие бродови потонаа, а имаше и жртви.

Претходно летово, исто така, се случија неколку инциденти во кои беа погодени бродови во близина на Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дронови погодија брод во близина на бугарскиот…

Контејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под…

Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…

Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…

Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…

Германија се соочува со хибридни напади од…

Москва нападната преку ноќ со повеќе од…

Руската престолнина Москва е нападната со повеќе…

Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…

Париското небо се претвори во огромно светлосно…