ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата на вонредните локални избори во Брвеница, велат од партијата за Инфомакс.
– Нашиот став бил и останува дека оваа Влада го нема етничкиот легитимитет и барањето за што побрзи предвремени избори останува, рекоа од ДУИ.
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница. Јахиј освои вкупно 4.442 гласа, додека противкандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ доби 4.177 гласа.

Излезеноста изнесува 54,29%, односно вкупно 8.820 избирачи го осствариле своето право на глас.
Регистрирани се 201 неважечко ливче.
ДУИ го има истиот став по однос на учеството на ВЛЕН во Владата уште од самото формирање на новото парламентарно мнозинство.
„Ставот на ВМРО, не го оспоруваме, нивниот легитимитет. Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Заедно сме победиле на овие избори. Оваа влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет“, рече лидерот на ДУИ во 2024 година.
Премиерот Мицкоски претходно во изјава за медиуми истакна дека според него нема потреба од предвремени парламентарни избори, но мнозинството ќе се согласи на тоа, доколку е тоа барање на опозицијата.
„Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните да бидеме Влада четири години. Но, доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и, се разбира, дека ќе ги победиме“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…