Европа отвора нови рудници – Македонија сè уште се двоуми што со сопствените ресурси
Бакарот станува една од клучните суровини во новата индустриска стратегија на Европската Унија. Од 46 нови стратешки проекти, дури 19 се поврзани со овој метал, што ја покажува неговата важност за енергетиката, индустријата и намалувањето на зависноста од увоз.
Европските земји веќе забрзано развиваат нови рудници, преработувачки капацитети и постројки за рециклирање. Проекти за експлоатација на бакар се развиваат во Грција, Шпанија, Финска, Полска и Шведска, а капацитети за преработка и во Бугарија и Белгија.
Овие проекти добиваат пристап до европски финансиски механизми и забрзани процедури за дозволи согласно Актот за критични суровини.
„Со овој втор бран на стратешки проекти, Европа ги засилува своите напори како никогаш досега за да ја врати својата сувереност над критичните суровини“, изјави потпретседателот на Европската комисија Стефан Сежурне.
Во Македонија, пак, и натаму трае дебатата дали и како да се искористи домашниот минерален потенцијал.
Земјата располага со бакар, злато, олово, цинк, никел и антимон, а еден од најпознатите проекти е „Иловица-Штука“, кој со години предизвикува спротивставени ставови.
Дел од еколошките организации предупредуваат на можните последици врз животната средина, додека иницијативата „И Здравје и Работа“ бара дебатата да се води врз основа на стручни анализи, економски показатели и реални процени на ризиците.
Македонија веќе ја усвои Стратегијата за минерални суровини 2026–2046 година, која предвидува поголем дел од вредноста на суровините да останува во домашната економија, развој на преработувачки капацитети и повисоки еколошки стандарди.
Додека Европа отвора рудници и обезбедува сопствени извори на критични минерали, клучното прашање за Македонија останува дали ќе најде модел што ќе донесе економска корист, а истовремено ќе обезбеди строга заштита на животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа отвора нови рудници – Македонија сè…
Бакарот станува една од клучните суровини во…
Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…
Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…