Објавено на:

Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал за можно киднапирање

t

Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички авион над подрачјето на Кореница, откако леталото емитувало транспондерски код што сигнализира можно киднапирање.

Операцијата била спроведена во рамки на системот на НАТО за воздушен надзор и заштита, а според хрватското Министерство за одбрана, станува збор за прво вакво пресретнување во реални услови со хрватските „Рафали“.

Акцијата започнала по наредба на Заедничката воздушна команда на НАТО во Торехон, која побарала полетување на борбен авион за визуелна идентификација на патничкото летало.

Хрватскиот „Рафал“ воспоставил радиоврска со авионот, го идентификувал и го придружувал низ воздушниот простор меѓу Риека и Делнице. Во 11:18 часот авионот бил под придружба, а две минути подоцна влегол во воздушниот простор на Словенија.

Според информациите од командниот центар во Италија, на транспондерот на патничкиот авион бил поставен кодот 7500, кој во воздухопловството се користи како сигнал за можно киднапирање на летало.

Авионот летал од Грција кон Германија, а според германските медиуми, најверојатно станувало збор за „Боинг 737-800“ на авиокомпанијата „Корендон ерлајнс“.

Во исто време, аеродромот во Нирнберг бил привремено затворен поради сомнение за вонредна состојба во воздушниот сообраќај. Затворањето било воведено непосредно пред планираното слетување на авион кој пристигнувал од грчкиот остров Крф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…

Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…

Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…

Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…

МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…

МНР го повика бугарскиот амбасадор поради пречекот…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

(Документ+Видео) Ова е докторот кој овозможи бегство…

Бугарската држава организирајќи го бегството на Ива…