Емотивно збогум на Миовски со Абердин: Еднаш Дон, секогаш Дон!
Откако стави потпис на четиригодишен договор со Џирона, Бојан Миовски, со емотивна порака реши да се збогува со фановите на Абердин, тимот каде што ги мина претходните две сезони, и во чии редови се афирмира во еден од најдобрите напаѓачи во шкотскиот шампионат.
„Здраво фанови на Абердин. Прво сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Се чувствував како дома, тука се усовршив, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на сè.
Од моја страна секогаш го давав секој атом, за да можам барем да се обидам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубувам во клубот. Ви благодарам многу за тоа. Секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас ќе бидам вашиот најголем поддржувач и им посакувам на момците се најдобро оваа сезона и во иднина. Еднаш Дон секогаш Дон“, напиша Миовски на социјалните мрежи.
Во последната сезона во Абердин македонскиот напаѓач постигна 26 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец во тимот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…