ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во Колумбија
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000 евра за поддршка на итните операции на терен по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, додека истовремено се мапира потребата од дополнителна помош.
Европската комисија соработува со германскиот Црвен крст во погодениот регион, изјави денеска портпаролката.
ЕУ истовремено ѝ ги стави на располагање на Колумбија своите услуги за сателитско мапирање за да ги поддржи операциите за спасување и помош.
Колумбиските власти побараа од Европската Унија дополнителна помош, а комисијата прибира информации за „опсегот на катастрофата, потребите, за тоа што е потребно на самото место“, рече портпаролката додека се мобилизира дополнителна поддршка.
– Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства, повредените и сите погодени – изјави претходно денеска високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека Европската Унија е подготвена да „пружи дополнителна помош“ за Колумбија.
„Вечерва срцето на Европа е со колумбискиот народ по страшниот земјотрес во регионот Чоко. Веќе го мобилизиравме Коперник, нашиот сателитски систем, за да ги олесниме акциите за спасување“, објави Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи. „И подготвени сме да пружиме дополнителна помош“, додаде таа.
Најмалку 132 лица загинаа, а повеќе стотици се повредени во силниот земјотрес што вчера рано наутро ја погоди западна Колумбија.
Според податоците на Американскиот геолошки завод, земјотресот се случил на длабочина од 107 километри во близина на градот Сан Хосе дел Палмар во Чоко, ретко населена покраина на колумбискиот пацифички брег, а бил почувствуван во големите градови ширум земјата, како и во соседните држави Венецуела, Еквадор и Панама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…