Жерновски: За минимална плата нема пари, но за кожни седишта и шампањ на 10.000 метри височина веднаш најдоа

t

Поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики до Владата за најавите за набавка на авион. Тој оценува дека додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и економски притисоци, власта приоритет става на луксуз наместо на животниот стандард.

„На граѓаните им велат: „Нема пари! “.

На работниците им велат: „Стрпете се!“.

На семејствата им велат: „Кризата е глобална!“.

Но во исто време, истите тие си купуваат авион за себе.

Додека фрижидерите се празни а неплатените сметки се редат една врз друга, и додека минималната плата не стигнува ни за основна храна, власта има јасен приоритет – не достоинствен живот за народот, туку комфорен лет за премиерот.

За минимална плата од 600 евра – „нема пари“, но за кожните седишта и шампањот на 10.000 метри височина веднаш најдоа десетици или стотици милиони евра.

Машала! Ученикот на истотатака скромниот Груевски, кој си го купуваше “она на М”, очигледно го надмина учителот. Интересно, се претставуваат како народна партија, а ги обожуваат луксузните автомобили и авиони.

И додека народот пеш оди низ тмурното секојдневие, власта многу сака да лета.

Ајде барем да беа активни на дипломатски план. Барем да имаа интензивни официјални посети, средби, иницијативи, сојузништва.

Ама и таму – ништо.

Кога никој не ги кани на официјални државнички посети, кога Македонија е сѐ поизолирана, а надворешната политика сведена на соопштенија и изговори, логично се поставува прашањето: за што навистина ќе служи овој авион?

За дипломатија – очигледно не.

За државни придобивки – уште помалку.

Тогаш, дали само за туристички прошетки?

Турите со претоварени камиони до Србија веќе им ги пробија.

Ќе лета ли авионот празен, за да лета полн?“, вели Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…