Објавено на:

Жител на Белград сакал да купи криптовалути, лажни трговци го претепале и му украле 9.000 евра

t

Лажни продавачи на криптовалути, на возраст од 21 и 24 години, денеска се уапсени во Белград откако претепале човек во населбата Борча и го ограбиле, земајќи му ја чантата со 9.000 евра со кои планирал од нив да купи криптовалута, соопшти полицијата.

Двајцата млади разбојници го намамиле човекот преку апликација за продажба на криптовалути и се договориле со него да ги пречека на паркинг во Борча, каде го натепале и го ограбиле.

Полицијата набрзо го идентификувала и привела Љ.М. и М.М., кај кои нашле и дел од украдените пари.

Полицијата апелира граѓаните кои купуваат и продаваат криптовалути тоа да го прават со луѓе што ги познаваат или преку препораки во затворени простории со видеонадзор и на места каде што има поголем број луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во Белград, едно лице е повредено

21-годишен маж вечерва бил застрелан во ногата…

Во Белград претставен новиот кинески брз воз:…

Во Белград беше претставен новиот електричен кинески…

Лавров за Серспскиот собор: „Херојскиот српски народ…

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Вучиќ: Од Белград до Суботица ќе се…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави…

Маж беше избоден пред банка во Белград,…

Две неидентификувани лица денеска нападнале маж пред…