Загина 25-годишен Македонец: Детали за трагичната несреќа кај Врање

t

Македонскиот државјанин Н.В. (25), загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај Врање, додека неговиот пријател кој бил со него во возилото е полесно повреден, објавија детали српските медиуми за синоќешната трагедија која ја потресе јавноста.

Како што информираат, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 17 часот на улицата „Партизански пат“ во Врање, кога автомобил марка „фолксваген голф“ излетал од патот и удрил во банкина. Претходно момчето и неговиот пријател биле во кафеана во Врање и си тргнале назад кон Македонија.

– Од силината на ударот автомобилот се свртел и потоа се превртел на покривот. При превртувањето двајцата млади момчиња наводно испаднале од возилото. Н.В. починал од повредите на местото на несреќата, додека неговиот пријател е полесно повреден, пишуваат тамошните медиуми.

Телото на Н.В било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…

Груевски цитира италијански историчари: Кој е роден…

„Сите завојувачи на Македонија Хелените, Римјаните, варварите…

Македонец ќе биде министер во албанската Влада!

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија,…