Загина 25-годишен Македонец: Детали за трагичната несреќа кај Врање

t

Македонскиот државјанин Н.В. (25), загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај Врање, додека неговиот пријател кој бил со него во возилото е полесно повреден, објавија детали српските медиуми за синоќешната трагедија која ја потресе јавноста.

Како што информираат, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 17 часот на улицата „Партизански пат“ во Врање, кога автомобил марка „фолксваген голф“ излетал од патот и удрил во банкина. Претходно момчето и неговиот пријател биле во кафеана во Врање и си тргнале назад кон Македонија.

– Од силината на ударот автомобилот се свртел и потоа се превртел на покривот. При превртувањето двајцата млади момчиња наводно испаднале од возилото. Н.В. починал од повредите на местото на несреќата, додека неговиот пријател е полесно повреден, пишуваат тамошните медиуми.

Телото на Н.В било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…

Уапсен е македонски државјанин во Србија кој…

Возачот на брзата помош (роден 1985 година),…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…