Загреб на нозе: Родителите протестираат поради корона мерките во училиштата

Пред зградата на Хрватскиот институт за јавно здравје во Загреб почна протестот на граѓаните против рестриктивните мерки наменети за запирање на ширењето на коронавирусот. Главен повод за протестот е најавеното тестирање на коронавирус во училиштата.
Хрватските здравствени власти најавија дека учениците ќе мора секој понеделник пред училиште да бидат тестирани за коронавирус.
На протестот, претходно најавен на социјалните мрежи, пред ХИЗЈЗ се собраа околу стотина луѓе. Граѓаните на протестот беа повикани преку социјалните мрежи, а на поканата гласи „На 1 февруари во 10 часот да им кажеме да од**ат од нашите деца“. На протестот е присутна и интервентната полиција, а сообраќајот е запрен во тој дел на градот.
„Доста е терор врз децата!“, „Маски надвор од училиште“, „Стоп за едноумието“, „Заедно слободни“, се само дел од транспарентите што ги донесоа демонстрантите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Тешко повредени пациенти од Македонија пристигнале во…
Две лица повредени во трагичниот пожар во…
Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа…
Собири за поддршка на српските студенти кои…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…
Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја…
Марк Цукерберг, шефот на Мета, се појави…