Голем пожар во компанија за рециклирање во Загреб
Пожар избувна денеска нешто пред 15 часот во дворот на компанијата „Цезар“ во индуистрискиот дел во источниот дел на Загреб, Хрватска.. Густ црн чад набрзо се издигна над тој дел од градот, видлив дури и од подалечните делови на Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.
Пожарникарите пријавија дека гори приколка на камион. Пожарот беше ставен под контрола навреме, па затоа не беше потребна дополнителна помош.
На теренот има и багер, кој се користи за расфрлање на околниот материјал за да не се прошири пожарот. Во интервенцијата учествува и полицијата, која го обезбедува местото.
Сопственикот на објектот обезбедил градежна машина за отстранувањето на изгорениот материјал, а пожарникарите очекуваат ситуацијата наскоро целосно да се нормализира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…