Загреб на нозе: Родителите протестираат поради корона мерките во училиштата

t

Пред зградата на Хрватскиот институт за јавно здравје во Загреб почна протестот на граѓаните против рестриктивните мерки наменети за запирање на ширењето на коронавирусот. Главен повод за протестот е најавеното тестирање на коронавирус во училиштата.

Хрватските здравствени власти најавија дека учениците ќе мора секој понеделник пред училиште да бидат тестирани за коронавирус.

На протестот, претходно најавен на социјалните мрежи, пред ХИЗЈЗ се собраа околу стотина луѓе. Граѓаните на протестот беа повикани преку социјалните мрежи, а на поканата гласи „На 1 февруари во 10 часот да им кажеме да од**ат од нашите деца“. На протестот е присутна и интервентната полиција, а сообраќајот е запрен во тој дел на градот.

„Доста е терор врз децата!“, „Маски надвор од училиште“, „Стоп за едноумието“, „Заедно слободни“, се само дел од транспарентите што ги донесоа демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…

Драма се случила на меѓународен лет за…

Северина на протестот во Загреб: Тука сум…

Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…

Во Загреб ќе се одржи голем протест…

Во Загреб денеска ќе се одржи голем…

Загреб стана првиот европски град каде што…

Загреб стана првиот град во Европа каде…

Патник почина во авион во Загреб пред…

Патник починал на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во…