Затоа во оваа држава нема ред: Филипче возел со 50 км на час над дозволеното добил само опомена

t

За шерифот Венко Филипче и таквите како него во Македонија законите не важат‼️

Полицијата буквално ДЕРЕ низ цела држава со радари, воведоа дури и ноќни!

Казнуваат ни повеќе, ни помалку, дури и за 1 км/час повеќе од дозволената брзина и тоа на лице место, од картичка, ако ја имаш де и ако имаш парички на неа секако.

Од тоа што ќе го отпеал РАДАРОТ и попот, назад немало, така барем се збори меѓу народот.

Секојдневно читаме, таму казниле волку, онаму казниле толку и на крајот повторно гледаме како на трки шибаат по патиштава и за жал честопати сме сведоци на немили настани со кобни последици.

Е зошто е тоа така де, а?!?

Еве јас да Ви кажам, затоа што оваа држава за некој е мајка, а за некој маќеа!

Затоа што во оваа држава дојде време во кое законите за некои важат, а за некои не!

Еден ден пред младата Викторија од Радовиш да загине, т.е. на 19.01.2021 година, неформално, екс министерот #ВенкоФилипче од страна на службеници на П.С. Гевгелија во близина на село Милетково – гевгелиско е уловен како вози со брзина поголема од 50 км/час над дозволеното, но за жал, истиот поминал само со опомена од страна на полициските службеници!

ПРЕКРШОК ПОРАДИ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ ГЛОБА ОД 400€ И ДА МУ БИДЕ ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА 1 ГОДИНА, #ВенкоФилипче ГО ЧИНИ САМО ОПОМЕНА‼️

АЈДЕ МАЈКАТА‼️‼️‼️

Еве затоа драги мои во оваа држава нема ред.

Нема ред затоа што законите во оваа држава за овие поголеми ѕверки и нивните блиски од власта не важат.

За тоа што правел, каде и со кого бил во Гевгелија не ме интересира, но пишувам ЈАВНО дека законите за овие НЕ ВАЖАТ и барам да и се извинат на Македонската јавност за циркусот кој го прават!

Веднаш да се извините на Македонскиот Народ за мајтапот што си играте со него и конечно еднаш за секогаш да почнете да одговарате пред законите во оваа држава!

П.С. Ако случајно #ВенкоФилипче од најразлични причини не се сети на случкава, можам слободно и службената белешка да му ја пратам, чисто да му се врати сеќавањето …

Фејсбук статус на Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…

Жена натепала скопјанец откако се скарале за…

Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…

Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…

42- годишна жена од Штип вчера пријавила…