За влакно избегната трагедија во Струга: Непознат сторител се обидел да ги оштети цевките за гас во болницата

На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“- Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…
Хорор сцени од детското одделение на кумановската…
Фејсбук страницата „Кумановска горила“ сподели фотографии од…
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Таравари го разреши директорот на кумановската болница…
Министерот за здравство Арбен Таравари го разрешил директорот на…