Објавено на:

За 72 часа албанската полиција уништи повеќе од 24.000 стебла канабис

t

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Тауљант Бала, упати честитки до полицијата на Албанија за акциите против нелегалното одгледување канабис, кои се спроведуваат низ целата земја, пишува Албаниан пост.
Бала рече дека борбата против одгледувањето наркотици продолжува секој ден и дека Албанците очекуваат земјата да се исчисти од нелегалното одгледување канабис.

„Нелегалното одгледување канабис беше извор на финансирање на криминалните организации, кој конечно мора да биде згаснат“, рече Бала.

Албанската полиција спроведе акција против одгледување наркотични растенија, во која беа ангажирани околу 7.000 полицајци и десетици беспилотни летала со висока резолуција.

Во последните 72 часа во Пука уништени се вкупно 24.220 растенија „канабис сатива“, а запленети се 29 килограми сушен канабис.

Во акцијата е уапсено едно лице, а по две лица се распишани потерници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Стерјовски: Македонците и седум други малцинства не…

Македонците во Албанија, заедно со претставници на…

Советот на ЕУ одобри 13 милиони евра…

Советот на ЕУ објави дека одобрил доделување…

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската…

Врховниот суд на Албанија во петокот ги…