Зеленски: Уништената зграда во Прилуки беше „подарок“ за роденденот на Путин
Најмалку 24 лица, меѓу кои и деца, загинаа во масовниот руски ракетен и дронски напад врз Украина, извршен на денот кога рускиот претседател Владимир Путин го одбележува 74. роденден, објави Ројтерс.
Најтешко бил погоден градот Прилуки во Чернихивската област, каде руска ракета уништила петкатна станбена зграда. Според последните информации што ги пренесе Ројтерс, таму загинале 18 лица, меѓу кои четири деца, а десетици биле повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Кремљ дека свесно напаѓа цивилни цели.
„Денес, на роденденот на Путин, руската армија му ‘подари’ уништување на станбен блок во Прилуки. Русите многу добро знаат дека напаѓаат обични градови и обичен живот. Тоа е апсолутно намерен избор на терор“, порача Зеленски.
Во нападите биле погодени повеќе региони низ Украина, меѓу кои Киев, Кременчук, Александрија и Днипро, а биле оштетени и енергетски и индустриски објекти.
Зеленски повторно побара дополнителни системи за противвоздушна одбрана и ракети „Патриот“, посочувајќи дека Украина и натаму има сериозни тешкотии при пресретнувањето балистички ракети.
„Пакетите за противвоздушна одбрана за нас во овој момент се витална потреба“, изјави тој.
Според украинските власти, Русија во нападот употребила околу 70 ракети и десетици беспилотни летала, додека украинската противвоздушна одбрана соборила значителен дел од дроновите.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, исто така, остро реагираше на нападите, обвинувајќи ја Москва за намерно таргетирање цивили и порача дека ваквите удари нема да ја принудат Украина да капитулира.
Истовремено, Зеленски потврди дека украинските сили извршиле напади со долг дострел врз руски воени и енергетски објекти, нарекувајќи ги „оправдан одговор“ на руските напади врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Уништената зграда во Прилуки беше „подарок“…
Најмалку 24 лица, меѓу кои и деца,…
Новиот грчки амбасадор во Скопје: Атина ќе…
Јоанис Малукос е новиот амбасадор на Грција…
Германија ги заострува законите против сексуалните дипфејкови…
Германската влада одобри предлог-закон со кој значително…
(Видео) Вака изгледа изгрејсонцето на Марс: Нова…
НАСА објави нова панорамска снимка од Марс…
Ормус повторно под оган: Рекорден број напади…
Најмалку 12 безбедносни инциденти со танкери биле…