Зошто да ги примиме во ЕУ, кога ни се толку евтини како работна сила: Изјава на Јанша го шokираше 3ападен Балкан – очигледно нe ни е само Бугарија пpoблем

t

Во Европската унија има многу опортунизам кога се работи за Западен Балкан, еден од европските лидери дури во дебатата рече: зошто да ги примиме во ЕУ, кога ни се толку евтини како работна сила, рече Словенецот. Премиерот Јанез Јанша оваа година ја завршува со претседавање со ЕУ.

За време на претседавањето со Советот на ЕУ во Брисел, Словенија успеа повторно да го воведе терминот „перспектива за членство“ во документите, наместо само „европски перспективи“ за балканските земји и источните соседи на ЕУ, на што се спротивставија некои од старите членки, основач на ЕУ, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Еден од стратешките успеси е што го вративме проширувањето на маса како еден од клучните стратешки проекти на ЕУ. Но, тоа бараше многу дискусии“, изјави Јанша во интервју за Словенечката телевизија, зборувајќи за успесите на неговата влада, во традиционалното интервју пред Нова година.

„Многу пати во овие дебати кажав дека по се што доживеавме на Исток и она што го видовме на Балканот во последните децении, треба да биде јасно дека ЕУ мора да се прошири, а со тоа да го прошири просторот на слобода и просперитет. Треба да се ослободиме од илузијата дека работите ќе се решат сами, а ако не се прошири ЕУ, тогаш ќе се прошири некој друг“, рече Јанша.

Србија или Украина имаат европска перспектива затоа што се во Европа и секогаш ќе останат таму, но сакаат перспектива за членство, вели Јанша. Сепак, беше тешко да се пишува во документите и за тоа мораше да се бориМЕ, рече словенечкиот премиер.

„Посебно има многу опортунизам кога станува збор за Западен Балкан“, додаде Јанша.

Еден од европските лидери, нема да му го кажам името, дури и во дебатата рече: зошто да ги примиме во Европската унија, кога ни се толку поевтини како работна сила“, откри Јанша разговарајќи за деталите од разговорите во Брисел, кај старите членки доминира тесноградоста или „националистичките интереси кои преовладуваат над визијата за слободна, мирна и обединета Европа“.

Европскиот проект се уште не е завршен, а многу земји кои би сакале да станат членки на Европската унија се уште не се слободни, вели словенечкиот премиер, додавајќи дека „овој проект треба да продолжи, а проширувањето е важен елемент“. пренесува Хина.

Претходно српскиот претседател, Александар Вучиќ истакна дека некој друг стои зад бугарското вето за Македонија , претпоставка која веќе подолг период ја имаат голем број локални, но и светски аналитичари.

Инаку пред бугарското вето, вето на проширувањето и за отпочнување на преговорите за членството на Македонија во ЕУ стави францискиот претседател Емануел Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

Маричиќ: Ова се избори за членство на…

„Крајната цел на овие избори е што…