Ивановски: Нема информации за незаконско работење и сторени кривични дела во АЛТА банка
Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција, денес сведочеше на надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието на РМ.
Ивановски ги објасни надлежностите на Управата за финансиска полиција и нагласи дека сите дејствија треба да бидат во согласност и координација со јавен обвинител. Во однос на АЛТА банка Ивановски истакна дека воведувањето „администрација“ не е доказ за кривично дело, Управата прибира и обработува разни оперативни сознанија, а кога постојат основи на сомневање се известува јавниот обвинител.
Ивановски одговараше на прашањата на пратениците Митко Трајчулески, Ели Панова и Блерим Беџети.
– Немаме известување или сознание за евентуални сторени кривични дела во врска со АЛТА банка, рече Ивановски.
За Еуростандард банка Ивановски кажа дека е случај кој го работела Финансиската полиција по анредба на обвинител од ОЈО ГОКК и за истото има доставено документација на околу 300 страни.
До денес нема предмет кој значи незаконско работење на АЛТА банка, нагласи Ивановски и истакна дека доколку било кој има докази за незаконско постапување треба да достави пријава до Управата за финансиска полиција или до Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
Мицкоски уверен дека процесот за АЛТА банка…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешно завршување на…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…