Иран со остро предупредување до земјите од Заливот: „Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната“
Иран ги предупреди земјите од Заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската Република.
„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.
Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА.
Претходно, Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…
Митески: Има заболени од западнонилска треска во…
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…
(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…
Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што…
Република Чешка го поддржува членството на Северна…
Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со…
Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово…