И Албанија не е тоа што беше: Уапсен човекот кој вееше знаме на Голема Албанија на фудбалски натпревар
Албанската полиција во Драч го уапси Исмаил Морина, кој стана познат како човек кој управувал со дрон со знаме на „Голема Албанија“, која започна бран насилства на фудбалскиот натпревар од квалификациите за ЕП меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година.
Морина ќе помине повеќе од пет месеци во затвор поради недозволено поседување оружје и муниција. Тој бил уапсен при проверка на документите, по што било констатирано дека се наоѓа на потерница. Морина и претходно беше осуден на пет месеци и 12 дена затвор за недозволено поседување оружје и муниција, соопшти албанската полиција.
Апсењето дојде откако судот во Драч ја укина одлуката на судот во Тирана со која затворската казна се замени со условна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…
Албанија и Германија потпишаа договори за финансирање…
Албанија и Германија потпишаа три договори за…
Рама: Воздушниот простор за време на самитот…
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе…
Србија и Албанија се договориле да отвораат…
Србија и Албанија начелно се договориле да…