И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина ќе се продава за 100 денари?!

t

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ 24.

Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана.

Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки.

„Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, реагираат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…