Канчевска: Пак би гласала за промена на името

t

Од оваа дистанца, би се потрудила да ги вратам вистинските вредности во државата, политиката е навлезена во сите пори од живеењето, би сакала да се врати одговорноста, почитта, емпатијата, колективитетот, тоа е неопходно потребно, вели Елизабета Канчевска Милеска, поранешна министерка во Студио 10 на ТВ24.

-Моето работење во политиката, бев околу 9 години министер за култура, добро ми се познати состојбите во културата, сите проекти од моја страна се видливи. Горда сум на сето она што го имам постигнато, а сметам дека горда е и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Јас комуницирам со голем дел од членовиуте на партијата, не е баш така како што некој сака да го претстави. Немам Фејсбук, комуницирам ако ве гледам во очи, да дебатираме, со критички осврт. Не бегам од критика, треба да функционираме интелектуално, додава таа.

Канчевска Милеска вели дека стои зад секој одлука.

-Моето размислување не е демагошко. Кој е предавник, кој патриот се гледа на дело, моето дејствување и делување е јавно, и секогаш ќе застанам спроти секој да дебатирам за тоа. Пак би го направила истото во врска со Преспанскиот договор, уште поактивно би се вклучила, секој треба да ги увиди грешките. Треба да сме активни чинители во секој процес. Тежок беше тој период, знаете колегите како размислуваат, а не сакаат да го изнесат своето ммислење. Некој друг нека биде предавник, јас ќе бидам патриот, велеа. И тогаш укажав на голем дел од грешките на СДСМ. И во однос на договорот, и договорот со Бугарија, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…

Во Србија изработен просторен план за гасна…

Во Србија е изработен и ставен на…

Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…

Азербејџан и се извини на Русија за…

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му се…