Карамбол во Бутел: Прегазени три малолетнички, повредени и двајца возачи во сообраќајка во која учествувале три возила

t

Вкупно пет лица, од кои три малолетнички – пешаци, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосница на бул.„Босна и Херцеговина“ и сервисна улица.

МВР информира дека несреќата учествувале три автомобили: „Мерцедес“ управуван од Д.Т.(19) од Скопје, „Ауди“ управувано од Ј.Д.(29) од Скопје и „Ауди“ управувано од Ф.С.(56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градска општа болница „8-ми Септември“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензионерка во Кичево фрлала дрва кон две…

ОВР Кичево поднело кривична пријава против 73-годишната…

По тепачка, мистерија во Битола: Оној кој…

Се случи пресврт во настанот кој ја…

Венс: Судирот со Иран не е војна

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…

Германија истражува нов обид за саботажа на…

Германската полиција истражува обид за саботажа на…

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

На 03.09.2026 во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од…