Ковачевски бара извинување од Мицкоски: Тој е нарачател на сите лаги и невистини искажани за мене
Премиерот Димитар Ковачевски бара извинување од Христијан Мицкоски за, како што вели тој, константните напади и невистиниизнесени во последните две недели, чиј нарачател според Ковачевски етокму Мицкоски.
– Јас сум веќе две недели под константни напади од страна на ВМРО – ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив на Собранието, каде што точно можеа да чујат сите граѓани, а во однос на оваа сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и најзаконски начин, кажа премиерот Димитар Ковачевски.
Тој потенцира дека ВМРО –ДПМНЕ треба да добие тужба затоа што две недели го напаѓаат со најдолни лаги.
-По продавањето на акциите во ПИКСЕЛ ГРУП ја немам никаков удел во таа компанија.Она што најмалку може да го направи нивниот претседател бидејќи тој е нарачателот на овие работи, бидејќи тој е фатен во корупциски скандали за кои се откажуваше од своите пријатели прво да се извини и да не ги тера пратенициет да изневуаат невистини, кажа Ковачевски во врска со аферата Броило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…