Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа во изборна единица еден!

t

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за “360” истакна дека на претстојните парламентарни избори ќе биде носител на листа во изборната единица еден.

– Ќе бидам носител во изборна единица еден, рече Ковачевски кој додаде дека најголем комплимент за СДСМ и оваа Влада е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката Влада бидејќи тоа значи дека има доверба во постоечката влада.

Според Ковачевски техничка влада не е потребна, но мора да се укине со консензус како што и била воведена, а не набрзина на неколку месеци пред избори.

Инаку противкандидат на Ковачевски во изборна единица еден ќе биде Христијан Мицкоски кој претходно најави дека ќе биде носител на партиската листа во оваа изборна единица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Тошковски го потврди имотот во зградата со…

Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот…