Косовари без документи работеле на објект на Воднo

t

Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје, каде како изведувач на градежни работи е правно лице од Скопје.

Како што соопштија од МВР, при контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот амбасадор во Србија: Косово може да…

Проблемот со Косово и Метохија може да…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Берлинскиот процес ќе се одржи во Тирана…

Берлинскиот процес доаѓа за првпат во регионот.…

Силно невреме доаѓа кон Балканот

На Балканот му престои силно невреме кое…