Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Косовската влада денес одлучи да прифати до 50 мигранти од Соединетите Американски Држави во рок од една година.
Според Коха, мигрантите ќе престојуваат во Косово „со цел да им се олесни безбедното враќање во нивната земја на потекло“.
„Владата на Косово одобри одлука за обезбедување привремена и непосредна заштита на 50 лица во рамките на соработката со Соединетите Американски Држави. Лицата опфатени со оваа одлука за време на нивниот престој во Република Косово ќе постапуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе ги уживаат правата дефинирани со важечките законски прописи“, соопшти Владата на Косово.
Премиерот Албин Курти рече дека изборот на мигранти ќе се направи од „предложен список“ и додаде дека тие ќе живеат во Косово уживајќи ги правата утврдени со косовското законодавство.
„Соединетите Американски Држави остануваат наш цврст сојузник, а Република Косово секогаш ќе биде нивен сигурен партнер. Вечно сме благодарни за помошта и континуираната соработка и високо ја цениме поддршката во областите на безбедноста и развојот, а особено на нашиот пат кон евроатлантска интеграција“, напиша Курти на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…