Кривична за правно и физичко лице за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани

t

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Трговско друштво за вработување на инвалидни лица – заштитно лице за производство, трговија и услуги  Але – Дар Дооел од Кочани во својство на правно лице и А.А.(34) од Кочани, одговорно лице, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, соопшти полицијата.

Според пријавата, во текот на 2023 година, при реконструкција на постоечки легален објект, без одобрение за градење од надлежен орган, била извршена доградба на објект со вкупна површина од 395,14 метри квадратни, од кои дел на земјиште во сопственост на правното лице, а дел на државно земјиште.

„Доградениот објект бил ставен во функција и од 05.05.2023 година се користел како угостителски објект, при што се вршела угостителска дејност и се остварувала имотна корист. Бесправната градба била констатирана од страна на градежен инспектор од Општина Кочани со записник од 03.04.2026 година“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за правно и физичко лице за…

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани…

(Фото и Видео) „Градат ѕид до ѕид,…

Еден работник загина, а тројца се повредени…

Загинат е едниот од тројцата затрупани работници…

Едниот од тројцата работници кои утрово беа…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…

Родителите од Кочани бараат враќање на обвинителката…

Дел од родителите и семејствата на жртвите…