Загинат е едниот од тројцата затрупани работници во Кисела Вода, двајца се пренесени на Клиника
Едниот од тројцата работници кои утрово беа потрупани со земја е починат, дознава Инфомакс. Според нашите информации, се работи за третото лице, кое службите не можеа да го извлечат истовремено со другите двајца работници, кои пак се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Центарот за управување со кризи пак, соопшти дека поивкот за затрупани градежни работници стигнал во 08:14 минути утрово.
„Во 08:14 часот е добиен повик за потрупани градежни работници со земја на ул. Козјак бр.3 и се бара Брза помош. Во 08:18 е добиен втор повик од Доктор Драган Панов, Доктор во ИМП Скопје, каде бара асистенција од БПЗЕ Скопје за извлекување на потрупаните лица. Известени се БПЗЕ Скопје, Полиција Скопје, ИМП Скопје и РЦУК Скопје“, соопштија од ЦУК.
Претходно, МВР соопшти дека инцидентот се случил при ископ на темели на градилиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…