Кривична за правно и физичко лице за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Трговско друштво за вработување на инвалидни лица – заштитно лице за производство, трговија и услуги Але – Дар Дооел од Кочани во својство на правно лице и А.А.(34) од Кочани, одговорно лице, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, соопшти полицијата.
Според пријавата, во текот на 2023 година, при реконструкција на постоечки легален објект, без одобрение за градење од надлежен орган, била извршена доградба на објект со вкупна површина од 395,14 метри квадратни, од кои дел на земјиште во сопственост на правното лице, а дел на државно земјиште.
„Доградениот објект бил ставен во функција и од 05.05.2023 година се користел како угостителски објект, при што се вршела угостителска дејност и се остварувала имотна корист. Бесправната градба била констатирана од страна на градежен инспектор од Општина Кочани со записник од 03.04.2026 година“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…