Криста Пајк се разбуди по неуспешната егзекуција: „Каде сум и кои сте вие?“
Жената која преживеа две смртоносни инјекции има тромб, пневмонија и сериозен оток на рацете, а лекарите сè уште не знаат какви ќе бидат долгорочните последици.
Криста Пајк, 50-годишната затвореничка од американската сојузна држава Тенеси, која преживеа две смртоносни инјекции при обидот за извршување на смртната казна, се разбудила во болница и започнала да зборува, соопшти нејзиниот правен тим.
Пајк, која беше осудена на смрт за убиството на Колин Слемер во 1995 година, по будењето прво прашала: „Каде сум и кои сте вие?“
Нејзините адвокати велат дека оттогаш таа поставувала низа прашања, меѓу кои и за семејството на Слемер, жената за чие убиство била осудена на смртна казна пред три децении.
Иако сè уште има когнитивни нарушувања и зборува ограничено, адвокатите велат дека Пајк е „многу свесна за тоа што ѝ го направиле“ за време на неуспешниот обид за егзекуција.
Адвокатот Ренди Спиви изјави дека Пајк се разбудила во болницата „лута и збунета“, со цевка во грлото и опкружена со непознати лица.
Иако се разбудила и повторно воспоставила ограничена комуникација, нејзината здравствена состојба останува сериозна.
Нејзините адвокати соопштија дека Пајк има крвен тромб во едната рака и пневмонија, а сè уште не може да голта.
Двете раце и дланките ѝ се сериозно отечени. Спиви отокот го опишал како „неверојатен“, споредувајќи ги нејзините раце со хируршка ракавица што е надувана.
Пајк и понатаму е со со лисици на нозете и на десната рака врзана за болничкиот кревет.
Неизвесно е и дали неуспешната егзекуција ќе предизвика дополнителни долгорочни здравствени компликации.
Адвокатите претходно верувале дека Пајк била во состојба на мозочна смрт и дека денеска најверојатно ќе биде исклучена од апаратите. Наместо тоа, таа неочекувано се разбудила и започнала да зборува.
Правниот тим на Пајк го опиша случајот како „невидено неуспешно извршување на смртната казна“.
На сослушувањето во Тенеси, адвокатите побарале сите докази поврзани со обидот за егзекуција да бидат зачувани. Тие засега не побарале државата да им ги предаде доказите, туку инсистираат тие да бидат зачувани за понатамошните правни постапки.
Адвокатот Лук Јен изјави дека сослушувањето било само „првиот од многуте чекори“ во правната битка за заштита на уставните права на Пајк.
Тој ја доведе во прашање транспарентноста на властите и рече дека јавноста не треба едноставно да ја прифати официјалната верзија за она што се случило.
Криста Пајк беше осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година.
На 30 септември во Тенеси беше извршен обид за нејзина егзекуција со смртоносна инјекција. И покрај тоа што ѝ биле дадени две инјекции, таа преживеала, по што била пренесена во болница и со денови била во бессознание.
Нејзиното будење и способноста повторно да комуницираат со неа сега отвораат низа медицински и правни прашања.
Засега не е познато каква ќе биде нејзината конечна здравствена состојба, ниту какви ќе бидат следните чекори во правната постапка по неуспешното извршување на смртната казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓани нудат куќи и имот како гаранција…
Граѓани од различни делови на земјава преку…
Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…
Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…
Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…
По објавите во дел од медиумите дека…
Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје,…
Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери…
Невреме со пороен дожд и засилен ветер,…
Променливо облачно време со повремени врнежи од…